Консултативни услуги
			
	
				консултантски услуги од областа на заштита на животната средина, вклучувајќи и изработка на елаборати за заштита на животната средина, изработка на Барањата за А и Б интегрирани еколошки дозволи, услуги од областа на управувањето со отпадот и врши мерења на нивото на бучава во животна средина
			
	
				Консултантски услуги во областа на вертикалниот транспорт
			
- Пресметка на вертикалниот сообраќај, времето на чекање и одредување оптимално решение – избор на лифт/ови со оптимални карактеристики;
- Испитување на комфорот на средствата за вертикален транспорт (промена на брзината, бучава и вибрации) и решенија за негово подобрување;
- Експертиза на актуелната состојба на средствата за вертикален транспорт (лифтови и ескалатори) и евентуалната нивна модернизација;
- Одредување на енергетската ефикасност и решенија за зголемување на истата;
- Изработка на техничка документација за постојната техничка опрема;
- Надзор над монтажата или модернизацијата на средствата за вертикален транспорт
	
				Консултантски услуги во областа на заштита при работа
			
- Изработка на упатства за безбедна работа;
- Изработка на техничка документација за опремата за работа;
- Консалтинг при избор на лична и колективна заштитна опрема;
- Изработка на планови за безбедност при работа за мобилни и привремени градилишта;
- Вршење на должноста на стручно лице за БЗР;
- Вршење на должноста на координатор за БЗР на градилиште.
	
				Консултантски услуги во областа на заштита од пожари, спасување и евакуација
			
- Изработка на Елаборат за заштита од пожари, експлозии и опасни материи
- Изработка на Правилник за заштита од пожари и експлозии
- Изработка на Процена на загрозеност од природни непогоди и други несреќи
- Изработка на План за заштита и спасување од природни непогоди и други несреќи
- Изработка на Испитување на истекување на плински станици и инсталации
- Изработка на Испитување на статички електрицитет
	
				Консултантски услуги во областа на заштита на животната средина
			
- Изработка на елаборати за заштита на животната средина;
- Изработка на барања за А и Б интегрирани еколошки дозволи;
- Изработка на годишни извештаи од областа на животна средина;
- Услуги за Управител со отпад, изработка на програма за управување со отпад и годишни извештаи за управување со отпад;
- Идејни решенија за намалување на емитираната бучава во животната средина
	
				Консултантски услуги во областа на имплементација на системи за квалитет во работењето
			
- Систем за менаџмент со квалитет МКС EN ISO 9001:2015;
- Систем за менаџмент со животна средина МКС EN ISO 14001:2015;
- Систем за менаџмент со безбедност и здравје при работа BS OHSAS 18001:2007/МКС EN ISO 45001:2018;
- Оцена на сообразност – општи критериуми за работа на различни типови тела кои вршат инспекција МКС EN ISO/IEC 17020:2012;
- Општи барања на за компетентност на лаборатории за тестирање и калибрација МКС EN ISO/IEC 17025:2017
 
  
							